Груби: Заев сакаше да си даде оставка, му рековме дека владата нема вина

Премиерот Зоран Заев беше решен да си даде оставка по одбивањето на отварање преговори со Европската Унија, но лидерот на ДУИ, Али Ахмети не му дозволи, тврдејќи дека неотварањето преговори со Македонија не е неуспех на владата, туку грешка на Европската унија, рече пратеникот Артан Груби во интервју за ТВ Клан.

Според него, лидерите одлучиле наместо оставка да се одржат предвремени избори, за кои потоа на лидерската средба заедно со опозициските лидери се одлучи истите да се одржат на 12 април 2020 година, односно откако земјата ќе стане членка на НАТО.

„Тој беше подготвен да си даде оставка поради големото разочарување, затоа што добил огромни ветувања. Меркел ја посети Македонија“, вели Груби во интервјуто.

На прашање на новинарот дали тоа значи дека Заев беил подготвен да си замине, Груби одговара потврдно.

„Ние не се согласивме и г-дин Ахмети му рече дека немаме причина да преземеме вина која ја немаме, затоа што вината е на Европската унија која не успеја во своите ветувања, а ние ги исполнивме сите услови. И затоа, решивме заеднички да излеземе на избори само откако ќе влеземе во НАТО. Имавме многу болни реформи за да добиеме не за толку мало прашање за отворање преговори што би и овозможило на Европската унија да не контролира дури и повеќе отколку што им можност сега. Албанците се одлучувачки елемент на владеењето со Северна Македонија“, вели Груби во интервјуто.

Back to top button
Close