Група од 100 француски пратеници ја осудија воената политика на Ердоган кон Курдите

epa09847078 Turkish President Recep Tayyip Erdogan gives a press conference at the end of a Group of Seven (G7) Leaders meeting at the Alliance headquarters in Brussels, Belgium, 24 March 2022. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Група од 100 француски пратеници синоќа ја осудија „воената политика” на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кон Курдите во северна Сирија.

„Додека Русија на Владимир Путин ги умножува воените злосторства во Украина, Реџеп Таип Ердоган, во сенка на глобалните емоции, планира да започне уште една крволочна офанзива против Курдите од северна Сирија”, се вели во заедничката изјава на пратениците објавена синоќа на веб-страницата на весникот „Ле Диманш”.

Турскиот претседател „го користи својот статус во НАТО во контекст на конфликтот во Украина за да добие одврзани раце од Алијансата за да ги интензивира своите напади на северот на Сирија”, наведоа пратениците, меѓу кои и пратеници на Долниот дом на францускиот Парламентот, како и сенаторите на различни политички партии, од радикалната левица, екологистите, десницата и центристите на Емануел Макрон.

Во заедничкото соопштение се наведува дека западните земји не смеат да го вртат погледот, додека Европската унија треба да гарантира заштита на курдските активисти и здруженија присутни на европско тло.

Тие ја повикаа Франција да интервенира во Советот за безбедност на ОН со цел да воведе забрана за летови над северна Сирија и да им обезбеди на Курдите меѓународна заштита.

Ердоган неколку пати се закани дека ќе започне воена офанзива против Курдите во северна Сирија, со цел да се создаде „безбедна зона”, по слична операција спроведена од Турција во 2019 година.

Back to top button
Close