Густа магла го блокираше приштинскиот аеродромот „Адем Јашари“: Откажани 42 лета
Поради густата магла вчера и денеска откажани се 42 лета од аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина, потврди за медиумите портпаролката на аеродромот Валентина Гара. Таа рече дека моменталната видливост е околу 50 метри, што го оневозможува слетувањето и полетувањето од приштинскиот аеродром. „Вчера беа откажани 38 летови. Некои од нив беа пренасочени кон соседните аеродроми. Денеска се откажани четири лета. Видливоста беше под 50 метри, па беше невозможно да се лета“, додаде Гара.
Од друга страна, министерот за инфраструктура Љибурн Алију, кој е одговорен за контрола на летовите на аеродромот, денеска изјави дека се откажани 12 летови и дека тоа се случило затоа што нивните пилоти не биле сертифицирани за системот што овозможува слетување и при магла.