Уапсен вработен во американската Влада под сомнение дека им давал поддршка на Хутите

Вработен во американската Влада вчера бил уапсен под сомнение дека обезбедувал поддршка за Хутите, соопшти американското Министерство за правда.

Лицето вработено во Министерството за енергетика е обвинето за обид за обезбедување материјална поддршка или ресурси за Хутите, кои САД ги имаат прогласено за странска терористичка организација.

Помошникот државен обвинител за национална безбедност, Џон Ајзенберг, изјави дека осомничениот наводно патувал во странство и го користел своето специјализирано знаење за да им помага на Хутите.

Тој, исто така, „набавил материјали за производство на експлозиви и дронови“ способни да ги носат експлозивите, рече Ајзенберг.

Во текот на истрагата, осомничениот почнал да комуницира со извор на ФБИ кој се претставувал како лице што работи за „полковник“ на Хутите, со цел да набави комуникациска опрема што требало да биде испратена во Јемен за употреба во мобилен комуникациски центар. Осомничениот обезбедил „стручни совети и помош, врз основа на неговото образование во областа на електротехниката“, соопшти Министерството за правда.

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува максимална затворска казна од 20 години.

Back to top button
Close