Гутереш апелира за хуманитарен прекин на огнот и ослободување на заложниците од Газа

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска по повод сто дена војна во Појасот Газа изјави дека единствено одржливо решение е итен хуманитарен прекин на огнот и апелираше до Хамас за итно и безусловно ослободување на заложниците.

Тој исто така се заложи да се испитаат и кривично да се гонат сите наводи за сексуално насилство од страна на припадниците на Хамас извршени на 7 октомври, при нападот врз Израел.

– Војната на Израел во Газа во текот на изминатите сто дена предизвика големо уништување и смрт на цивили со брзина без преседан. Со ништо не може да се оправда колективното казнување на палестинскиот народ, посочи Гутереш.

Според него што подолго трае судирот во Газа тоа е поголем ризикот од ескалација и на други места.

– Не смееме да го видиме во Либан тоа што го гледаме во Газа и не можеме да дозволиме да продолжи тоа што се случува во Газа, истакна Гутереш

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close