Гвардиол го продолжи договорот со Сити до 2031


Хрватскиот фудбалски репрезентативец Јошко Гвардиол денеска официјално ја продолжи соработката со Манчестер Сити, потпишувајќи нов договор со премеирлигашот до лето 2031 година.

Финансиските детали од договорот не се познати, но според англиските медиуми, поранешниот дефанзивец на загрепски Динамо и Лајпциг ќе заработува значително повеќе од досегашните 12,3 милиони евра бруто годишно.

„Овој 24-годишник, кој е првенствено централен бек, покажа висок квалитет и на позицијата лев бек. До денес, тој има 122 настапи за клубот и постигнато 13 голови. Во тој период, освои шест трофеи со Сити: Премиер лигата, ФА Купот, Лига Купот, Светското клупско првенство на ФИФА, Суперкупот на УЕФА и Комјунити Шилд. Гвардиол е, исто така, стандарден член на хрватската репрезентација, за која има 52 настапи. Тој беше дел и од составот за Светското првенство во 2026 година“, соопшти Манчестер Сити.

Гвардиол му се приклучи на Манчестер сити во летото 2023 година од Лајпциг во трансфер вреден 90 милиони евра, што во тоа време беше рекорден трансфер за дефанзивец.

Back to top button
Close