Гвардиола: Халанд е подготвен да се врати на теренот

8

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, е подготвен да се врати на теренот по повредата, потврди денеска тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, пред претстојниот премиерлигашки натпревар против Саутемптон.

Норвешкиот репрезентативец е надвор од теренот од март кога се повреди на натпреварот од ФА Купот против Борнмут. Халанд се враќа во тимот во клучен момент од сезоната, пред финалето на ФА Купот на 17 мај против Кристал Палас на Вембли.

„Тој е подготвен, во форма е и ќе видиме дали ќе го започне натпреварот утре“, рече Гвардиола.

Манчестер Сити во моментов е на третото место во Премиер лигата, три бода пред шестопласираниот Нотингем Форест, во борбата за место во Лигата на шампионите.

Халанд постигна 21 гол на 28 натпревари во Премиер лигата оваа сезона и е единствениот играч на Сити кој постигна двоцифрен број голови во домашното првенство. Вкупно постигна 30 голови и имаше четири асистенции на 40 натпревари во сите натпреварувања.

Back to top button
Close