Гвардиола: Враќањето на Гундоган е привилегија
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола проговори за враќањето на играчот за врска Илкај Гундоган од Барселона во редовите на „граѓаните“ ден пред натпреварот од второто коло на Премиер лигата со Ипсвич Таун.
Поранешниот германски репрезентативец играше за Сити од 2016 година. Тој ја носеше капитенската лента на англискиот шампион во нивниот поход по тројната круна (Премиер лига, ФА Куп и Лига на шампиони) во сезоната 2022/23 по што потпиша за Блауграна.
-Тоа е привилегија за сите нас, чест. Сум кажал многу пати, овој клуб е многу добро воден. Јас како тренер, но и играчите имаме се што ни е потребно за да си ја завршиме работата. Илкај имаше убави зборови за своето искуство во Барселона, а минатата сезона играше добро. Ги сакам играчите од средниот ред, како и неговите квалитети. Може да се прилагоди на две до три позиции, изјави шпанскиот стручњак за Гундоган и додаде дека искуството на 33-годишниот е предност за Сити.