Халанд е најбрзиот кој стигнал до 100 голови во историјата на Премиер лигата

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд постигна гол на денешниот натпревар против Брајтон во 29. коло од англиската Премиер лигата.

Во 11. минута Норвежанецот реализираше пенал. Голот му овозможи на Халанд да ја достигне границата од 100 гола во Премиер лигата.

Дваесет и четиригодишниот напаѓач успеа да го постигне ова на 94 натпревари – најбрзо во лигата. Претходниот рекордер беше Алан Ширер, кој постигна 100 гола на 100 натпревари.

Халанд му се приклучи на Манчестер сити од Борусија Дортмунд во летото 2022 година

Back to top button
Close