Халили: МНР донесе добра одлука да не го прати новиот амбасадор во Москва
Многу добра одлука. Тоа секако е поврзано со осудата на руската агресија и примената на мерки за изолација на Русија, вели поранешниот амбасадор Мухамед Халили, коментирајаќија одлуката на Министерството за надворешни работи да не го испрати во мисија новиот амбасадор во Москва.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи објави дека се одложува упатувањето на нашиот амбасадор во Москва.
– Ние донесовме одлука да го одложиме упатувањето на нашиот амбасадор во Русија, кој требаше да оди на 15 март, изјави Османи на брифинг со новинарите. За нов амбасадор на Македонија во Русија од минатата година е назначен Ненад Колев.