Хоспитализиран Чеда Јовановиќ – чека резултати за ковид

Српските медиуми објавуваат дека лидерот на Српската партија ЛДП Чеда Јовановиќ има воспаление на белите дробови и со висока температура од пред два дена е хоспитализиран на инфективната клиника во Белград. Од неговата партија за медиумите изјавиле дека чека резултати од тестот за ковид 19.

Медиумите повикувајки се на болнички извори објавуваат дека состојбата му е влошена и е на кислородна поддршка. Јованивиќ беше еден од најблиските соработници на убиениот премиер Зоран Џинџиќ и е човекот кој влезе во домот на Милошевиќ и го убеди да се предаде на полицијата која потоа го уапси и го предаде на судот во Хаг.

Back to top button
Close