Христијан Мицкоски прифаќа да биде претседател на Влада на Република Северна Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Телма за прв пат подиректно одговори на прашањето дали прифаќа дека новото име на државата е Република Северна Македонија и тој би бил премиер на Република Северна Македонија.

Нашиот став го имаме кажано многу пати. Ние би биле лицемери ако ја игнорираме реалноста. Како и секогаш, велам дека не можеме да ја игнорираме реалноста, бидејќи учествуваме на избори и сме дел од влада на која стои новата придавка. Имаме учесник во таа Влада со новата придавка и зема плата. Би бил лицемерен, ако кажам дека тоа не е така. Ќе излезеам несериозен ако речам дека ова е фикција, а ВМРО-ДПМНЕ е сериозна партија, вели Мицкоски.

Понатаму, тој објасни дека негово право е да се обиде да ја смени реалноста со која не се согласува. Меѓу редови и ги кажа своите „црвени линии“. Може да се заклучи дека тоа не е укинување на Договорите со Грција и Бугарија. За Договорот со Грција Мицкоски рече дека тој не би ги спроведувал ставките предвреме, од тоа што договорот го бара.

А, ако не се сложувам со нешто, мое основно право е да се обидам да ја сменам таа реалност. Никогаш нема да се сложам да преговарам за Гоце Делчев, за македонскиот јазик. Нема да се сложам да имплементирам ставки од договорот со јужниот сосед предвреме, како што е менувањето на името на свидетелствата. Нема да се откажам од моите сонародници во другите држави, вели Мицкоски.

Back to top button
Close