Хрватската полиција повторно го казни Сергеј Трифуновиќ, никогаш повеќе во Сплит


Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ повторно се огласи откако три пати беше приведен во Сплит, казнет поради наводна навреда на полицаец, но и поради чување куче без надзор. Актерот на својот Инстаграм напиша дека бил апсен три пати за 30 часа, како и дека бил изложен на психофизичко малтретирање.

-Им благодарам на хрватските полицајци на граничниот премин Бајаково, за нивната љубезност и навистина прекрасен третман. На нивните колеги од Сплит, за трите апсења за 30 часа, психичко и физичко малтретирање и изнуда од над илјада и петсто евра. Се надевам дека ќе ги искористите тие пари за да си сошиете нови, убави, црни униформи по моделот на Франтиќ и дека на вашите мајки, на кои во оваа прилика им се посе*** според членовите 5, 17 и 36, конечно ќе бидат задоволни од своите примитивни копилиња. Знам дека ви е жал што не успеавте да ми ја отворите Лора среде ноќ и да го покажете мерачот на струја. Сега, влашки брбонци, слободно издадете уште една потерница. Доколку Пленковиќ и Вучиќ го потпишат договорот за екстрадиција, нарачајте ми ја задницата по пошта. Дотогаш се гледаме во Грција. Ако не, тогаш во Блајбург. Ќе бидеме на истите страни како тогаш, напиша Трифуновиќ на својот Инстаграм профил.

Според медиумите, Трифуновиќ бил на плажата Каштелет во Сплит со германски овчар, што им пречело на некои посетители на плажата, поради што бил пријавен во полиција. Кога се појавиле органите на редот, Трифуновиќ наводно ги навредувал, а потоа бил приведен.

По повод овој инцидент, српскиот актер даде изјава за Слободна Далмација.

-Уште ме дрндаат, еве ме во полиција. Брату, јас отидов на пливање со кучето, пливавме во море, некоја луда жена пријави, оти веројатно се плаши од кучето. Уште ми рече зошто кучето не е на поводник, па како ќе биде кога плива со мене во море, е****! И така многу глупости. Не можам повеќе да зборувам, нервите ми се…, изјави Трифуновиќ за хрватскиот весник.

Тој на својот Инстаграм претходно напиша -„Вознемирувањето што го преживеав денес, никогаш никаде го немам доживеано. Да го парафразирам Оливер Драгојевиќ – никогаш повеќе нема да дојдам во Сплит“.

Back to top button
Close