Хрватскиот претседател денеска е во официјална посета на земјава

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе го пречека својот хрватски колега Зоран Милановиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.

Хрватскиот претседател во 10 часот ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба со Сиљановска-Давкова.

По неа, според агендата, ќе се одржи пленарен состанок на македонската и хрватската делегација, а во 11:20 часот е закажана прес-конференцијата на двајцата претседатели.

Во рамки на посетата, хрватскиот претседател ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

За време на посетата на Милановиќ во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим

Back to top button
Close