И денеска бојкот на наставата во „11 Октомври“ и во „Лазо Ангеловски“

Ученик од трето одделение со насилно поведение е причината поради која денеска родителите и учениците на училиштата „11 Октомври“ и во „Лазо Ангеловски“ ќе ја бојкотираат наставата. Советот на родители од „Лазо Ангеловски“ донесе одлука учениците денеска да останат дома, барајќи решавање на проблемот.

Ситуацијата се влошила по одбивањето на училиштето „11 Октомври“ да го прими малолетникот. Министерката за образование, Весна Јаневска, нагласи дека секое дете има право на образование и ако стручните лица препорачаат промена на средината, тоа треба да се реализира.

За проблемот се очекува да се изнајде решение на состанок во Министерството за образование кој неофицијално е закажан за денеска. Родителите со став доколку се реши проблемот учениците би се вратиле на настава веднаш

Back to top button
Close