И денеска министрите не донеле одлука. Ќе го корегираат ли огромното покачување на платите. Јавноста ја чека нивната одлука

Министрите на денешната владина седница разговарале за можноста околу намалување на коефициентите со кои се пресметува функционерската плата откако Уставен суд одлучи со укинување на два члена платите на функционерите да се зголемат дури и за 78 отсто. Од Владата соопштија дека темата околу намалување на коефициентите била спомената, но сепак одлука не била донесена.
Од Владата најавија дека ќе го нормализираат драстичното зголемување на функционерските плати со измени во Законот за плати и надоместоци на функционерите. Основицата со која од сега ќе се пресметува нивната плата е просечната бруто плата од минатата година која е во износ од 47.700 денари. Ако на ова се додаде и коефициентот со кој се пресметуваат платите, се добива од 55 отсто до 78 отсто зголемување на платите.






