И германци криеле адреси за да не одат во изолација, ама државата им кренала огради околу зградите

Јас мислев во Македонија луѓето криеле адреси за да не седат во карантин, кога и во Германија исто, дури и на повисоко ниво. Пред некој ден пишав за кланицата „Тењес”.

Таму до денеска се заразени 1.331 вработен. Господинот на врвот во фирмата не сакал да даде 30% од адресите на вработените, со изговор дека ги нема, бидејќи поради заштита на лични податоци не смееле да ги зачуваат. 🙄 Полицијата направила рација и ги има лоцирано луѓето, па во местата на живеење се подигнати огради пред зградите и никој не смее да влегува или излегува. Значи, нема сакаш, нејќеш, па ајде прими писмо, па ќе те објавиме во весник – не, стануваат од спиење и имаат ограда околу зграда. А, во зградите не живеат само вработените, но сега сите се во карантин. Фирмата за да си го подобри имиџот, ако воопшто може, бидејќи политичка изјава со нула доверба во неа веќе отиде во медиумите, нуди да ги покрие трошоците за тестирање на сите жители на Гитерслох. Во фирмата работат 7.000 луѓе, сите се во карантин (тие на врвот во работен карантин – смеат само од дома до работа да одат), и таа останува затворена најмалку две недели. Отстапки нема и пред таква огромна фирма. Сликава е од SWR.

Александар Методиев

Back to top button
Close