И Трамп сака да ги депортира мигрантите на Балканот: Ни доаѓаат мигранти од Хаити, Никарагва, Венецуела и Куба?!
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп врши притисок врз Србија и другите балкански земји да примат мигранти депортирани од Соединетите Американски Држави, објави „Блумберг њуз“.

Барањата до земјите во регионот се дел од пошироката стратегија на САД за пронаоѓање странски влади кои се подготвени да примат депортирани мигранти, објави „Блумберг“, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање.
Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.
Белата куќа, американскиот Стејт департмент и Министерството за надворешни работи на Србија не одговорија веднаш на барањата на „Ројтерс“ за коментар.
Минатиот месец, Врховниот суд на САД ѝ дозволи на администрацијата на Трамп да го поништи привремениот правен статус на стотици илјади венецуелски, кубански, хаитски и никарагвански мигранти кои живеат во Соединетите Американски Држави, зајакнувајќи го стремежот на републиканскиот претседател да ги засили депортациите.
Администрацијата на Трамп бараше можни дестинации за имигрантите кои би можеле да бидат депортирани како резултат на одлуката, се вели во извештајот на „Блумберг“.
Да се потсетиме дека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски се сретна со американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела .
Од Министерството за надворешни накусо одговорија дека ќе се разговара за актуелни прашања од заеднички интерес, за соработката на билатерално и мултилатерално ниво, како и во рамки на НАТО Алијансата.
Прашањето е дали Муцунски и Рубио разговарале за прифаќање миграни од Јужна Америка во Македонија