ИДФ елиминира командант на Хезболах одговорен за испорака на оружје во Либан
Еден од командантите на либанскиот Хезболах, Хусеин Али Наср е убиен денеска во напад на израелски дрон во јужен Либан, меѓу Сидон и Тир, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ).
ИДФ информира дека целта бил Наср, заменик-шефот на единицата 4.400 на Хезболах, за која израелската војска вели дека е одговорна за шверц на оружје во Либан.
Според ИДФ, Наср, во соработка со Иран, работел на шверц на оружје и пари во Либан за обнова на воените капацитети на Хезболах, пишува Тајмс оф Израел.
Дел од оружјето и парите биле прошверцувани преку аеродромот во Бејрут, тврди израелската армија.