Инцидент во Молдавија: Нападната руската амбасада

Руската амбасада во Молдавија испрати протестна нота до официјален Кишињев – причина е непријателската акција во дипломатската мисија со обид за упад во зградата на руската амбасада.

Синоќа непознати лица пукале со огномет и петарди кон руската амбасада во Кишињев.

Досега нема реакција од владата и специјалните служби на Молдавија. Руските дипломати очекуваат одговорните да бидат пронајдени и казнети.

Back to top button
Close