Инциденти пред Универзитетот „Аристотел” во Солун

Најмалку едно лице е уапсено, според локалните медиуми, во инцидентите што се случија пред Универзитетот „Аристотел” во Солун кога група маскирани лица се судрија со полицијата,

Според истите информации, грчката полиција интервенирала со солзавец и шок бомби откако била нападната со дрва и разни предмети пред делот од Универзитетот каде што се работи на изградба на библиотека, односно во простор што претходно, со години беше под опсада од анархисти.

Непознати лица, пред три дена влегоа во конкретниот простор и го вандализираа сето она што беше изградено во првата фаза.

Back to top button
Close