Индиски министер: Нападите се порака до „непријателските земји“

Државниот министер за надворешни работи на Индија, Кирти Вардан Синг, изјави дека „целата земја е среќна што се одмаздивме“ по воздушните напади врз Пакистан.

– Нашата земја силно им одговори на оние што убија невини луѓе и оставија жени вдовици, рече Синг пред новинарите, осврнувајќи се на смртоносниот напад врз туристи во Пахалгам минатиот месец.

Индија тврди дека има докази кои го поврзуваат нападот со терористи со седиште во Пакистан – што Пакистан категорично го негира.

Синг порача дека „непријателските земји“ треба да ги сфатат нападите како јасна порака дека Индија „има информации на секој чекор“, откако Пакистан објави дека биле погодени шест локации. – Ако во иднина се појави потреба за слични акции, ќе ги преземеме уште поодлучно, додаде тој.

Back to top button
Close