Интензивни преговори во Мадрид – Генчовска и Османи преговараат за решение до истекот на француското претседателство

Генчовска и Османи имаа билатерална средба во Мадрид утрово – интензивно се преговара за решение меѓу Скопје и Софија , потврдија дипломатски извори за телевизија 24. На последниот ден од француското претседавање со Унијата, во Шпанија на маргините од НАТО Самитот – шефот на дипломатијата Османи заедно со шефицата на бугарската дипломатија во заминување Генчовска ги пеглаат ставовите, но повеќе детали не се откриваат.

Според нашите извори во преговорите меѓу Османи и Генчовска денеска две работи биле клучни – билатералниот протокол и отворањето на прва меѓу меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ. Според францускиот предлог Билатералниот протокол кој се преговара меѓу Скопје и Софија треба да биде вклучен во преговарачката рамка и треба да има две први меѓувладини конференции од кои едната политичка, а додека да се случи втората да се вметнат Бугарите во Уставот. За Македонската влада овие две работи официјално се неприфатливи.

 

 

Back to top button
Close