Иран постави системи за одбрана од биолошки, радиолошки и хемиски напади

Иранскиот заменик министер за одбрана, генерал Мехди Фарахи изјави дека во 51 град се поставени системи за одбрана од евентуални биолошки, радиолошки и хемиски напади.

– Одбранбениот систем ќе им даде на иранските сили способност да ги обезбедат и координираат материјалите потребни за одговор на овие закани и да го заштитат населението, истакна генерал Фарахи.

За време на ирачко-иранската војна (1980-1988), поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин нареди употреба на хемиско оружје. Во јуни 1987 година курдскиот град Сардашт беше бомбардиран со иперит, при што загинаа 119 лица, а беа повредени 1.518 луѓе.

Back to top button
Close