ИРЛ: Проект Радика – Сите луѓе на ресортот

Приватното село од 87 типски луксузни вили кои ќе се продаваат од 220.000 до 300.000 евра прв го замислил еден од најбогатите луѓе во Албанија. Тој бил и газда на најугледниот хотел во Маврово Леуново. Тој прв ги рушел административните бариери за следниот сопственик да започне со реализацијата. Новиот косовски стопанственик е омразен кај еколошките активисти поради неговите зделки со малите хидроелектрани во Косово. Планот започнал со ВМРО-ДПМНЕ, продолжил и се продлабочил со СДСМ, а од зделката ќариле и кадри на ДУИ, пишува ИРЛ.

Најавите за изградба на село „Радика“ со 87 луксузни вили ќе предизвика тревога кај еколошките активисти и кај локалните сопственици на викендици во јули годинава. Државниот инспекторат за животна средина ќе открие дека планираните објекти навлегуваат 50 метри во заштитената зона, но и дека ќе ја загрозат акумулацијата на Мавровското езеро. ИРЛ открива дека првите одобренија за градба се дадени уште во 2017 неколку дена пред локалните избори. Со смената на власта во Маврово одобрени се  уште повеќе маркици, а актуелниот градоначалник непосредно пред изборите наплатил комуналии за уште 22 објекта од предвидените 87, сето тоа во времето кога инспекторите носеа решение за уривање на 9 објекти. Пребарувањето низ јавните списи во Македонија и во Албанија ќе не’ доведе до еден од најбогатите луѓе во Албанија и креаторот на идејата за приватното село „Радика“ со 87 вили.

Повеќе

 

 

Back to top button
Close