Ѕирнете го Crux – здрава храна, прекрасен амбиент, волшебни вкусови…

Oвесна каша со шумско овошје и путер од кикирики во Crux се најздравиот мал хедонизам на кој можете да налетате по некое исцрпувачко возење велосипед или пешачење на Водно.

Во скандинавски минималистички амбиент со малку растенија ви дава простор и време за себе, да пробате нешто вкусно и здраво на кратко да се „исклучите“ пред обврските на остатокот на денот.

Лоциран на булеварот Мајка тереза број 60 има различни варијатни на смути, цедени сокови, чиа пудинзи, овесни каши приготвени со „волшебната состојка“ (како што ја нарекува сопственичката Марија) млекото од индиски ореви кое се подготвува свежо секое утро.

И за крај, она што најпријатно не изненади беа путерчињата oд кикирики и лешници кои се подготвуваат на потполно природен начин, и кои наскоро, преку новиот webshop ќе станат достапни за продажба и достава низ цела Македонија (освен како до сега само во Скопје)

-комерцијална објава-

Back to top button
Close