Исчезна 11 годишно девојче во Грција – активиран е Amber alert

Организацијата „The Smile of the Child“ активираше тревога поради исчезнување на 11-годишно девојче од селото Миртија во областа Илија, во западниот дел на Грција.

Василики Николопулу (11) исчезнала вчера вечерта во 21 часот и 10 минути.

За исчезнувањето на девојчето денеска била информирана организацијата „The Smile of the Child“ и веднаш по наредба на обвинителот бил активиран механизмот за тревога Амбер бидејќи постојат причини да се верува дека нејзиниот живот е во опасност, јавуваат грчките медиуми.

Василики има кафена коса и кафени очи, висока е 150 сантиметри и со нормална тежина.

На денот на нејзиното исчезнување носела бел фустан и бели влечки.

Секој кој има информации за девојчето се замолува веднаш да ја извести организацијата или да се обрати во полиција

Back to top button
Close