Исчезна момче од Аеродром, внук на Љубе Бошковски?! – Сомневањата се дека е киднапиран


На социјалните мрежи се шири вест за киднапирање на момче од општина Аеродром.

Според пишувањата на „Твитер“ станува збор за Самоил Костадиновски од Ново Лисиче, тој наводно бил киднапиран во близина на чешката амбасада.

ММС.мк објави дека станува збор за внук на политичарот Љубе Бошковски.

 

Тие стапиле во контакт со семејството Бошковски, за потврда на информацијата. Сопругата на Бошковски, Виолета, потврдила дека станува збор за нејзин внук од брат.

– Веќе четири дена го нема, никој ништо не знае, а полицијата трага. Самоил е дете од брат ми и има 26 години. Излегол од дома, наводно го викнале накај Кисела Вода или Драчево. Некој човек, кај што го оставиле автомобилот кажал дека излегол од својот автомобил и влегол во друг, каде имале тројца луѓе.

Потоа кажале дека тоа се случило кај чешката амбасада, наводно префрлен во украден автомобил. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен – вели Бошковска и додава дека семејството не знае која е причината, односно тој дома не зборувал дека имал некакви проблеми.

Од МВР претходно во дневниот билтен објавија дека е исчезнато 26-годишно лице.
– На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира МВР.

Фактор.мк

Back to top button
Close