Историчари: Ванчо Михајлов бил гангстер, ВМРО-ДПМНЕ апсолутно да се огради од него
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека не се согласува со ликот на Ванчо Михајлов како ја водел партијата или организацијата во тоа време, но тоа е континуитет. Според него, правењето паралела со Михајлов било намера на СДСМ со цел да се вулгаризира тоа што тој го зборувал. -Јас не се согласувам со тоа како тој ја управувал таа партија или организација во тоа време, како се однесувал и со кого соработувал. Како што можеби некој по неколку децени нема да се согласува со тоа како јас или некои од моите претходници ја водел ВМРО-ДПМНЕ во историска смисла. Но, ова е континуитет на една организација која што во современото време станува политичка партија, рече Мицкоски вчера во интервју.