ИСВ: Кремљ ги подготвува Русите за долгорочна милитаризација и продолжителен судир со НАТО

Кремљ го подготвува руското општество за долгорочна милитаризација и можен продолжителен судир со НАТО, а со користење наративи слични на оние со кои се оправда инвазијата на Украина, соопшти во својот последен извешта Институтот за проучување на војната (ИСВ).

-Обвинувањата за „нацизам“ претходно насочени кон Киев, сега сè почесто се однесуваат и на европски земји. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров викендов ја обвини ЕУ дека се обидува да ја возобнови „европската идеологија на нацизмот“. Изјавата дојде како одговор на препораките на Европската комисија до лидерите на ЕУ да не присуствуваат на Парадата на победата во Москва по повод 9 мај, истакнаа од ИСВ.

Култот на победата во Втората светска војна и митовите за Големата татковинска војна се традиционално користени од Кремљ за мобилизација на јавноста и дискредитација на Европа и НАТО. Терминот „денацификација“, со кој Русија го оправда нападот врз Украина, и понатаму се користи за легитимизација на воените цели.

Слични наративи сега се применуваат и врз Финска, Естонија и Молдавија. Во јануари 2024, Путин изјави дека Русија се соочува со „егзистенцијален конфликт“ преку „современ нацизам“, додека претседателот на руската Дума тврди дека „фашизмот станува норма“ за НАТО. Според ИСВ, оваа реторика може да послужи како изговор за идни воени интервенции.

Во меѓувреме, европските лидери изразуваат загриженост. Шефицата на европската дипломатија Каја Калас предупреди дека до 2028 година Русија може да нападне земја членка на ЕУ. Германската и данската разузнавачка служба исто така предупредуваат на зголемен ризик од сеопфатна војна во Европа во следните пет години. Шведска воведе обрзна регрутација за мажите постари од 18 години и казна затвор од една година за избегнување на слжба. Бригади на армијата извршуваат редовни воени вежби над Арктичкиот круг за подготвеност од можна инвазија на руски сили во териториите на Финска и Норвешка, јави Волстрит журнал.

Back to top button
Close