Уапсен Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот претседател на ФФМ

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, денеска е приведен во рамки на истрага во која се опфатени уште 15 лица, пренесе Портал Икс повикувајќи се на свои извори.

Според информациите со кои располагаме, предмет на истрага се и три компании поврзани со случајот.

При претрес кај Ѓорѓиоски, како што дознаваме, биле пронајдени пари во кеш.

-Денеска под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје.
Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ спроведена од истражителите на Истражниот центар при ОЈО ГОКК и УФП. Повеќе информации за предметот ќе бидат соопштени во текот на денот по завршување на дејствијата што се преземаат,информираа од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Повеќе детали за акцијата се очекуваат во текот на денот од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство

Back to top button
Close