Италијански државјанин обвинет за поседување дрога

– Обвинителен акт против едно лице поднесе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 17 мај, на Меѓународниот аеродром Скопје, при личен преглед на обвинетиот 38-годишен државјанин на Република Италија, во неговата патна торба биле пронајдени 8,01 грама марихуана, 3,33 грама хашиш и 18 милилитри хашиш масло.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​​

Back to top button
Close