Изборен молк во Бугарија пред утрешното гласање на петите парламентарни избори во последните две години

Бугарија денеска е на сила ден на изборен молк, затоа што утре се одржуваат петтите вонредни избори за помалку од две години.

На денот на изборниот молк и на самиот ден на гласање не е дозволена никаква форма на политичка и изборна пропаганда, а локалните власти имаат право да забранат продажба на алкохол на територијата на нивните општини, јави Радио Бугарија.

Согласно Изборниот закон, 24 часа пред изборите и на денот на изборите, апсолутно е забрането да се објавуваат резултати од социолошки истражувања кои на кој било начин би ја откриле распределбата на политичките сили, за да можат граѓаните на мир да одлучат на која од 15. регистрирани партии и седум  коалиции ќе и го дадат својот глас.

Дополнително значење на изборниот молк му дава и фактот што околу седум до 14 отсто од гласачите во последен момент одлучуваат на кого ќе му го дадат својот глас. Според социолозите, процентот на такви гласачи е доволно голем за да се променат резултатите од прелиминарните испитувања на јавното мислење.

Во комбинација со очекуваниот низок одѕив од околу 40 отсто и речиси еднаквата поддршка за првите две партии, одлуките на бугарските гласачи во последен момент би можеле значително да го свртат тегот на вагата, а победникот на изборите најверојатно ќе биде решен во последен момент.

Гласачите се надеваат дека новоизбраниот парламент ќе формира стабилна влада која ќе почне да ги решава наталожените проблеми во земјата, инфлацијата, безбедноста, реформите во важните сектори како правосудството, здравството итн., јавува бугарското радио

Back to top button
Close