Избрани сите 12 поротници за судењето на Трамп, нивниот идентитет ќе биде сокриен од безбедносни причини

Судењето на Трамп започна пред неколку дена во окружниот суд во Њујорк. Вчера беа избрани првите шест поротници.

Адвокатите на одбраната и обвинителството се очекува да избере и заменици поротници за судењето.

Претходно, судијата што го надгледуваше судењето разреши една поротничка која рече дека се чувствува заплашена, бидејќи биле откриени некои нејзини лични информации.

 

Судијата Хуан Меркан, исто така, ослободи друг поротник откако обвинителите рекоа дека тој можеби не ги открил претходните судири што ги имал со законот.

 

Избрани шест од вкупно 12 поротници за судењето против Доналд Трамп

 

На почетокот на неделава не беа избрани потенцијалните поротници во судскиот процес против Трамп, зашто се изјасниле дека не можат непристрасно да одлучат дали поранешниот американски претседател е виновен или невин за кривичните пријави.

 

Според „Гардијан“, идентитетот на поротниците кои ќе му судат на Трамп ќе остане анонимни поради безбедносни причини.

 

Трамп се соочува со кривични случаи во Вашингтон, Џорџија и Флорида, но случајот Њујорк е единствениот за кој сигурно ќе му се суди оваа година.

 

Поранешниот американски претседател се товари дека преку својот адвокат ѝ исплатил 130 000 долари на Сторми Даниелс за да молчи за нивната наводна афера пред изборите во 2016 година. Поранешниот адвокат на Трамп Мајкл Коен сведочел дека тој лично ги вршел исплатите на Даниелс. Трамп рече дека планира да сведочи во своја одбрана.

Трамп се изјасни за невин во сите четири случаи и тврди дека тие се дел од пошироките напори на сојузниците на демократскиот претседател Џо Бајден да ја поткопаат неговата кандидатура.

 

Според Асишиејтед прес, поранешниот претседател за да биде прогласен за виновен, обвинителството мора да докаже дека не само што фалсификувал деловни документи, што би било прекршок, туку дека сакал да прикрие уште едно прекршување на законот, што е кривично дело.

Дури и ако Трамп биде прогласен за виновен, па дури и ако оди во затвор, тоа формално не го дисквалификува да се кандидира за претседател.

Back to top button
Close