Изет Меџити: Демократија значи промена преку глас

Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, го оствари правото на глас на првиот круг од претседателските избори.

Меџити по гласањето порача дека демократија значи промена преку глас и побара поддршка за претседателскиот кандидат Арбен Таравари поддржан од коалицијата Вреди.

-Денеска е убаво и сончево време. Ова убаво време не повикува да гласаме за позитивниот човек, некорумпираниот доктор, Арбен Таравари. Демократија значи промена преку глас. А промената е во бројот 6, изјави Меџити. лв/дма/

Back to top button
Close