Израел ги повика жителите на 25 села во јужен Либан да се евакуираат, Хезболах ги напаѓа израелските војници на границата

Израелската армија уште еднаш ги повика жителите на 25 населени места во Либан на евакуација, пренесуваат француските медиуми.

Меѓу нив е и градот Набатија, во јужен Либан, каде во понеделникот започна копнена офанзива против исламистичкото движење Хезболах.

Армијата „нема намера да ви наштети и за ваша сопствена безбедност веднаш треба да ги евакуирате своите домови и да се упатите кон север“, напиша портпаролот на израелската армија на арапски јазик, Авишаи Адрае, во порака на арапски јазик на мрежата Х.

Хезболах денеска соопшти дека активирал две експлозивни направи за да се спротивстави на новиот израелски упад во јужен Либан. Според изјавата на проиранската група, „пешадиска сила на израелскиот непријател се обидувала да се инфилтрира во градот Марун ар Рас“ во Либан, во близина на границата.

Либанската армија денеска соопшти дека еден војник загинал, а друг е ранет во израелски напад додека вршел операции за евакуација и спасување со либанскиот Црвен крст во јужниот град Таибе, пренесоа британските медиуми

Back to top button
Close