Израелец загина при ракетен напад од Либан

Израелската армија соопшти дека 10 ракети се истрелани од Либан, при што едно лице загина во кибуцот Хагошрим.

Израелската армија возвратила на нападот и го гаѓала местото од каде биле истрелани ракетите.

Претходно, Хезболах соопшти дека отворил оган на израелски воени авиони.

На 26 јули 12 деца и тинејџери беа убиени во ракетен напад врз фудбалскиот стадион во селото Мајдал Шамс на Голанската Висорамнина, окупирана од Израел.

Израел за нападот го обвини Хезболах и набрзо нападна цели во Либан.

Back to top button
Close