Израелската армија објави четиричасовна пауза во борбите во кампот во градот Рафа за населението да се снабди со залихи


Израелската армија најави четиричасовна тактичка пауза во борбите во кампот во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, јави ДПА.

Воените операции таму ќе бидат привремено прекинати од хуманитарни причини, изјави портпарол на израелската армија на „Икс“.

Паузата се најавува за населението да може да се снабди со залихи, се вели во соопштението.

Претходно, израелската војска ги повика жителите на градот Кан Јунис да ги напуштат своите домови и да се населат во градот Рафа во југоисточниот дел на Појасот Газа, во близина на египетската граница.

Израелската армија, исто така, денеска одреди маршрута за цивилите да го заобиколат претходно користениот пат за бегство низ градот Кан Јунис, за која војската вели дека е опасен.

Според Обединетите нации, по проширувањето на израелските напади кон централниот дел на Појасот Газа, речиси и да нема простор за внатрешно раселените локални жители.

Back to top button
Close