Извештајот за мостот „Беласица“ е предаден на Арсовска, потребна е лесна санација, вели Гаревски

Извештајот за мостот „Беласица“, кој беше опожарен на 12 мај, е предаден во Град Скопје и тој покажува дека нема сериозни оштетувања, вели за СДК професорот Михаил Гаревски од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени кој ја правеше експертизата. Гаревски вели дека на мостот му е потребна лесна санација.

„Драфт верзијата е предадена во Градот. Степенот на оштетување, според квалификациите прифатени во светот, спаѓа во лесни оштетувања. Има позабележително опаѓање на бетон, но каблите не се откриени ниту оштетени”, вели Гаревски.

Тој додава дека Градот не може да интервенира сè додека ЕСМ не ја отстрани топловодната цевка.

Тимот на Гаревски на централниот распон на мостот немал пристап, па испитувањето на каблите за преднапрегање во тој дел се направени врз основа на снимка од дрон која тој ја смета за релевантна. Снимката се правела само странично, бидејќи како што вели Гаревски, ‘под цевките за парно има жици и дронот не може таму да се движи‘.

Повеќе

Back to top button
Close