Извори од истрагата: Детето-убиец е потполно смирено. Верува дека со поддршка ќе му скандираат под прозорецот

Според информации кои ги пренесе српски „Блиц“, повикувајќи се на извор од истрагата  детето-убиец не побарало контакт со никого, ниту пак побарало да се види со родителите.

-Нема никакви барања, не праша за родителите. Единствено го интересира кога излегува и какви се реакциите на неговиот чин – вели изворот на „Блиц“.

Опишувајќи ја моменталната состојба на момчето, изворот на „Блиц“ наведува дека Коста К. размислува и се однесува како да е во прашање моментот кога ќе ја напушти Клиниката, односно кога ќе биде на слобода и убеден е дека тоа ќе се случи многу скоро.

Очекува луѓе во поддршка да му скандираат под прозорците.

– Второто прашање што го поставува е каков впечаток оставил, какви реакции предизвикал. Очекува да биде популарен. Буквално дека ќе се соберат под неговиот прозорец и ќе му скандираат – вели за Блиц извор од истрагата.

Седмоодделенецот не прима ни седативи, бидејќи е „сосема мирен“. Не му требаат.

Блиц додава и дека престанал да ги убива соучениците иако имал уште две шаржера, односно 34 куршуми. Го прекинал масакрот бидејќи почувствувал дека му останува без здив.

Односно децата кои преживеале биле спасени од нападот на паника што го имал во еден момент. Влегол во дворот, го испразнил пиштолот и повикал полиција.

повеќе

Back to top button
Close