Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„Очекувано беше опозицијата да има водство, но не толку“, коментира денеска во утринска телевизиска емисија во Бугарија, заменик претседателот на заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Македонија, д-р Наум Кајчев, пренесуваат бугарски медиуми, по првиот круг од претседателските избори.

Граѓаните гласаа од опозиција, во знак на протест поради економската состојба во државата“, додавајќи дека „вториот фактор на успехот на опозицијата е пропагандната реторика против ЕУ и против Бугарија“.

Според вонредниот професор, пресврт не е невозможен, но малку е веројатно: „Во 1999 година опозицијата водеше со големо водство, но тогаш Борис Трајковски ја премости разликата, но сега тоа е помалку веројатно“.

Според Кајчев, доколку кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ (гордана Силјановска Давкова) победи на изборите, сосема е можно бугарско-македонските односи да се влошат.

Кајчев ја поддржува албанската опозиција и нејзиниот резултат, бидејќи тоа ќе значи декја ќе се „реализираат измените во уставот со вклучување на Бугарите во него, како и продолжување на преговорите со ЕУ“.

Back to top button
Close