Кај село Лојане пронајдени пет лица мигранти

Во реонот на селото Лојане, општина Липково, поточно кај местото викано „Шорта“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот денеска пронашле пет лица мигранти, двајца од Индија и три од Пакистан.

МВР денеска информира дека во 09.15 часот во реонот на селото Лојане, пронашле пет лица мигранти, бил извршен преглед на теренот и биле пронајдени еден пиштол „Зораки“ со една рамка со четири куршуми, два ножа, два мобилни телефони и полначи за мобилни телефони.

Мигрантите и предметите, стои во соопштението од МВР, биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Back to top button
Close