Кабинетот на председателката Силјановска без одговор за медиумите зошто венецот на гробот на Свети Кирил е без име на државата

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска – Давкова вчера се најде во непријатна ситуација на своето прво меѓународно учество на одбележувањето на ликот и делото на словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

Мораше да постави венец, но бидејќи не го признава уставното име Северна Македонија, на венецот нема име на држава, туку пишува „Претеседател Гордана Сиљановска – Давкова“.

Неколку македонски телевизии во нивните централни вести објавија за венецот без име на државата побарале одговор од кабинетот на Силјановска Давнова но одговорните во кабинетот не се огкасуваат да го објаснат инцидентот.

Претседателката Сиљановска Давкова ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде положи венец на спомен – плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј, соопштија од кабинетот на претседателката.

Back to top button
Close