Кадиров до Зеленски: Што мислеше, наивен еден? Те предупредивме


Чеченскиот лидер и еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, Рамзан Кадиров, по руските напади во Украина со објава на „Телеграм“.

„Зеленски се жали на нападот… А што мислеше ти, наивен Зеленски: ти можеш, а другите не можат? Со други зборови, осум години можеше да се бомбардираат цивили, да се уништи инфраструктурата на градовите во Луганск и Доњецк, да се гранатира нуклеарната централа, да се разнесуваат мостови, да се пука во важни објекти, но кога е во прашање вашата глава, одеднаш е невозможно за некого?“, напиша тој.

Кадиров во пораката додава: „Те предупредивме Зеленски дека Русија сè уште не ни започнала, затоа престанете да се жалите. Подобро бегај пред сè да те стигне. Бегај Зеленски, бегај без да гледаш назад кон запад“.

На крајот Кадиров вели дека „сега е 100% задоволен од специјалната воена операција“.

Back to top button
Close