Калајџиев: Доказите од телефонот на судијата Ристов се слаби, Обвинителството сега лови во матно

Обвинителството сега лови во матно
„За двајца функционери, околу 350 илјади евра кои беа најдени заѕидани, не се преголема сума на пари што ја поседуваат“, вели проф. Калајџиев за „Локално“ за судењето за Ристов
Гордан Калајџиев, професор на Правниот факултет при УКИМ не гледа сериозни основи за нови дела од она што досега е изнесено на судењето против судијата од Апелациониот суд, Ѓоко Ристов од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал . Тој за „Локално“ изјави дека ОЈО-ГОКК секако може да покрене нови обвиненија и да ја прошири истрагата на други лица, но според него нема сериозни индиции да се процесуираат нови дела.
-Нема сериозни, барем од ова што го слушаме, не гледам основ за нови дела да се процесуираат. Иако е повеќе од очигледно дека со нејзините јавни настапи, сопругата на судијата му прави голема штета, би рекол како да има намера да го смести во затвор. Не знам кои се мотивите. И улогата на медиумите е исто така проблематична што фаќаат сеир за овие полуприватни работи и ги искористуваат за сензационализам, изјави Калајџиев.






