Kаламарас за тв 24: Сега може да ни се случи сценариото од Италија или Шпанија

Доктор Патриција Каламарас инфектолог, шеф на инфектолошкото одделение на „8ми септември“ и координатор за ковид 19, во денешното гостување во отвореното студио на 24 анализа изјави дека новонастанатата состојба е резултат на недисциплината на граѓаните.

„Во моментов имаме 35 пациенти од состојбата која е новонастаната и е резултат на недисциплина. Досега одлично се држевме, не дозволивме да имаме сценарио како Италија или Шпанија, одевме по една ниска парабола и тоа многу помогна во организацијата на водењето на овие болни. Ја сфаќам потребата на популацијата да се ослободи од притисокот кој сите ние го вршевме, но тоа го правевме за добробитот на целокупната наша популација. Најмногу ме плаши дел од популацијата што се уште го негира постоењето на вирусот, меѓутоа тоа е се додека некој од нивната фамилија не се зарази и потоа стигнуваме до состојба во која се соочуваме со тешки болни. Не сакаме да ги плашиме луѓето, но апелирам на едно разумно однесување да се сфати дека ова не е измислена работа и да се придржуваме до мерките. Новата ситуација со заболени датира меѓу недела до две наназад и е како резултат на непочитување на мерките.“ – вели доктор Каламарас.

Вели дека здравствените работници се борат веќе три месеци со вирусот, се судруваат со тешки трагедии кои се случуваат во моментот, колку и да се трудат на некои пациенти не можеме да им се помогнеме.

„Имаме случаи кога многу брзо се развиваат од една средно тешка клиничка слика во нагло влошување. Има и пациенти кои во почетокот не сакаат да се исконтролираат, не доаѓаат, размислуваат дека ќе помине само од себе и во исклучително тешка состојба доаѓаат во нашата болница кога веќе е предоцна. Апсолутно треба да бидеме загрижени за новиот бран заболени, немаме гаранции дека вирусот ќе го снема. Кога ќе стигнат нашите пациенти до инфективната болница паѓа во вода сето неверување нивно за болеста која предизвикува тешко дишење, температура итн. тогаш сите се уплашени. Апелирам на пациентите било каква сомнеж да се јават кај матичните лекари. Има и појава кај дел од популација да ја прикријат состојбата ако има заболен некој во самата фамилија што е потенцијален кластер и ширење на заразата на повеќе луѓе.“ – вели доктор Каламарас.

Доктор Каламарас потенцираше дека голема е реалноста од нов бран на болеста и да ни се случи сценариото од европските земји.

„Сега може да го добиеме тоа сценарио од другите земји.“ – вели доктор Каламарас.

Back to top button
Close