Калиопи доби три Златни бубамари!
Синоќа се одржа 28-то издание на една од најпопуларните забавни манифестации кај нас, Златна бубамара на популарноста, на која беа доделени 22 награди во различни категории.
Годинава со дури три награди си замина Калиопи, и тоа за поп концерт, за албум , како и за пејачка на годината.
Две награди доби рок бендот Мамеорија, за рок концерт и рок група на годината.
Во продолжение, добитниците на Златна бубамара во сите категории:
1. Најпопуларен оркестар 2024 -Битолски камерен оркестар,
2. Најперспективна млада пејачка- Ана Петановска,
3. Театарска престава за деца и младинци 2024-РОЊА,
4. Животно дело -Перо Христов,
5. Трајни музички вредности- Дарио,
6. Награда за 30 години јубилеј -К-15,
7. Трајни вредности во уметноста -Миро Масин,
8. Хит на годината 2024 -Некст Тајм & Слаткар – Океани,
9. Трајни музички вредности -Сузана Спасовска,
10. Спортска легенда -Илија Најдоски,
11. Амбасадор на македонската култура 2024- Казухиро Котецу,
12. Етно Концерт 2024 -Ансамбл Стефче Стојковски,
13. Поп концерт 2024 –Калиопи,
14. Пејачка 2024 –Калиопи,
15. Албум 2024 –Калиопи,
16. Актерка 2024- Дарја Ризова,
17. Актер 2024- Ѓорги Јолевски,
18. Театарска претстава 2024-12,
19. Животно дело- Муарем Сербезовски,
20. Писател 2024 -Тихомир Јанчовски,
21. Рок група 2024- Меморија,
22. Рок концерт -2024 Меморија
Фото: fokus.mk