Камчев и Мијалков денеска ќе треба да кажат дали се виновни или не за „Плацевите на Водно“

Денеска во Кривичниот суд треба да се оддржи рочиште за случајот „Плацевите на Водно“, односно за тајниот имот на екс премиерот Никола Груевски. На рочиштето обвинетите ќе треба да се изјаснат за вина.

Доколку признаат, тука за нив завршува судењето и ќе им биде одредена казна, доколку пак негираат, тогаш рочиштето ќе продолжи со давање на воведен говор. На првото рочиште, пред еден месец, воведен говор даде обвинителката Лиле Стефанова, а по два дена рочиштето требаше да продолжи со изјаснување на вина на обвинетите.

Но, пред да се исправат пред судот и да кажат дали се виновни или не, адвокатите побараа одложување на судењето, бидејќи обвинителката им достави нов доказ, оддамна најавен, а добиен преку меѓународна помош од Кипар.

Овој доказ треба да го прикаже патот на парите со кој бил купуван имотот, односно како биле префрлани од една на друга офшор компанија.

Извор: Фокус.мк

Back to top button
Close