Камињски започна штрајк со глад

Поранешниот министер за внатрешни работи на Полска, Мариуш Камињски, денеска започна штрајк со глад, откако вчера беше уапсен и спроведен во затвор.

Тој беше уапсен во претседателската палата во Варшава, заедно со неговиот заменик Мациеј Васик.

Полскиот премиер Доналд Туск претходно го обвини претседателот Анджеј Дуда за попречување на правдата, откако Камињски и неговиот заменик Мациеј Васик беа видени во претседателската палата.

Неколку недели откако партијата Право и Правда дојде на власт во 2015 година, Дуда го помилува Мариуш Камињски, кој беше осуден за злоупотреба на политичко влијание, дозволувајќи му да стане министер за внатрешни работи.

Во постапката пред апелациониот суд беше одлучено случајот повторно да се отвори, а во декември минатата година Камињски и Васик беа осудени на две години затвор за злоупотреба на политичката власт.

Back to top button
Close