Камионџиите во Аргентина во штрајк на неодредено време

 

 

 

Камионџиите во Аргентина денеска почнаа штрајк на неопределено време, барајќи зголемување на тарифите за транспорт на жита и добиток, што може негативно да се одрази на извозот во сезоната на жетва, која е во полн ек.

Аргентина, водечки светски извозник на производи од соја и втор најголем извозник на пченка, неодамна почна со бербата на овие две култури.

– Во моментов не се водат преговори, изјави Едгардо Аницето, портпарол на Федерацијата на аргентински транспортери (ФЕТРА), додавајќи дека штрајкот нема одредена временска рамка.

Околу 85 отсто од аргентинското жито се транспортира со камиони од полињата до пристаништата во земјата.

Иако камионџиите, владата и селските задруги на почетокот на февруари се договорија за нови тарифи за транспорт на жито, ФЕТРА соопшти дека зголемувањето на цените на дизелот прави „невозможно да се продолжи со работа под разумни услови”.

Јужноамериканската земја со години се бори со зголемената инфлација, која се влоши во текот на минатиот месец поради рускиот напад врз Украина

Back to top button
Close